Иранските власти запленија повеќе од шест тони хероин наменета за европскиот пазар и разбил пет меѓународни криминални групи што шверцувале дрога, објавија иранските медиуми.
Во една од главните криминални групи, меѓу 11-те членови, исто така, имало и Европејци, пренесе агенцијата ИРНА
Иранското министерство не прецизираше од земји се притворените, ниту датумот кога операцијата била спроведена.
Шверцот со дрога е сериозен предизвик за Исламската Република што граничи со Авганистан, најголемиот производител на опиум во светот, и Пакистан, главната транзитна земја во земјата, забележува Ројтерс.
Минатата година, италијанската полиција пронајде 270 килограми хероин скриена во контејнер на брод што пристигнал од Иран. Тоа е најголемото запленување во Италија во последните две децении.
Заменик-началникот на полицијата Ескандар Монмени изјавил дека во Иран има 2,8 милиони зависници.
Извор:(Vijesti / Tanjug)











