ОИК повика на инто прекинување на Израелските напади врз Газа

0
216

Организацијата на исламската соработка (ОИК) повика на итен прекин на израелските напади во блокираната палестинска енклава Газа, јави агенцијата Анадолу (АА).
“ОИК остро ја осудува агресијата на израелските окупациони сили во Газа и нивните напади врз цивили и стамбените објекти”, се вели во изјавата на раководството на ОИК.
ОИК, исто така, повика на прекин на “бруталната агресија” што Израел ја спроведува на палестинска територија.

Во изјавата потпишана од генералниот секретар на ОИК, Јусеф бин Ахмад Ал-Отаимеен, се наведува дека Израел ќе биде одговорен за сите последици од тековната ескалација на појасот Газа.

Ал-Отаимеен ја повика меѓународната заедница да интервенира брзо, со цел да го присили Израел да стави крај на неправедна агресија и да ги почитува меѓународните правни норми.

Најмалку седум Палестинци загинаа во тајна операција извршена од страна на израелската армија во Газа и најмалку шест Палестинци загинати во воздушните напади минатата ноќ во палестинскиот регион.

Од март израелските сили убија повеќе од 200 и ранија неколку илјади Палестинци кои протестираат во пограничниот појас во Газа и бараат да се стави крај на израелската блокада и окупацијата на палестинската територија.