Израелската војска соопшти дека започна воздушни напади врз Појасот Газа откако ракета исфрлена од Газа погодила еден автобус.
Во соопштението на израелските воени сили се вели дека нивните авиони извршуваат напади врз Газа.
“Нашите воени авиони гаѓаат терористички цели во Газа”, се вели во соопштението, без повеќе детали.
Не е наведено со кое оружје бил извршен нападот во кој бил погоден автобусот ниту се зборува за предизвиканата штета.
Во соопштението, се додава дека од подрачјето на Газа биле истрелани 80, истакнувајќи дека се активирани и сирените за воздушна оапсност.
Израелските медиуми, исто така, објавија дека една од ракетите истрелана од Газа погодила автобус на израелска територија, посочувајќи дека едно лице е тешко повредено.
Израелските власти испраќаат дополнителни војници на границата во Газа, како резултат на тензиите што ескалираа после израелскиот напад минатата ноќ во палестинската енклава и конфликтот со воената база на Хамас.
Израелската армија соопшти дека на состанокот на началникот на Генералштабот Гади Ајзенко со командантите на израелските армии било одлучено да испратат дополнителни сили во јужната команда на Армијата.
Синоќа, израелската армија изврши напад во Газа и се судри со борците на бригадата на Хамас, Езедин Ал-Касам. Седум Палестинци и еден израелски војник беа убиени во нападот. Меѓу загинатите бил и еден од командантите на бригадата на Хамас.
Хамас минатата ноќ објави дека израелските војници ја преминале границата и влегле три километри во појасот Газа и дека го убиле Кан Јунис на Нура Берек, еден од командантите на бригадата Езекин ал Касам.










