Јеменски новинар со чевел го погоди на поранешниот министер за информации во бунтовничката влада во Јемен Абдул Салам Али Габер во Саудиска Арабија.
Како пренесува АП, Али Габер е најстариот член на бунтовничката администрација позната како Хути, која дезертира во Саудиска Арабија по избувнувањето на граѓанската војна во Јемен во 2014 година.

Тој се појави за прв пат во јавноста денеска на прес-конференцијата во Ријад.
Фрлањето на чевел представува показател за длабоко презир во арапската култура, објави агенцијата, и постетува на случајот во 2008 година кога ирачки новинар во Багдад со чевли го гаѓаше и за малку ќе го погодеше тогашниот претседател на САД Џорџ В. Буш.

Агенцијата потсетува дека Јеменските Хути во Јемен се во војна со коалиција која е предводена од Саудиска Арабија од 2015 година и има контрола над главниот град Сана и голем дел од северен Јемен.

Извор:cdm