Трамвај излета од шини во Белград-еден починат и петмина повредени

0
175

Тешка сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот, а повеќе се повредени се случи во близина на црквата „Свети Марко“ во Белград. Српските медиуми јавуваат дека трамвај удрил во автомобил, излетал од шините и се забил во зграда.

Автомобилот по судирот удрил во пешак кој починал на самото место.

Според неофицијални информации, шест лица се повредени и однесени во Ургентниот центар и во Ортопедската болница Бањица.

Заменик градоначалникот на Белград, Горан Васиќ објаснил дека до несреќата дошло кога се судриле автомобилот и трамвајот кој сообраќал по „Ресавска“, но дека во овој момент не се знае која е виновен.

Извор:НоваТВ/Фото:cdm