Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 52-годишниот М.К. од струшкото село Корошишта.
Пријавата е поднесена поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
– На 23-ти август оваа година, при извршен претрес на фарма во атарот на селото Корошишта, под пластеници од најлонски фолии пронајдени се 10 стебла со висина од 2,5 метри од растението Cannabis. Садниците, кои биле засадени покрај останатите земјоделски култури во фармата, во сопственост на сега пријавениот, се одземени по што е извршено вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: Ohridpress.com.mk/СВР Охрид фото: архива










