ПАРИЗ: Макрон организира вечера за светските лидери

0
263

По повод 100-годишнината од крајот на Првата светска војна, Париз утре ќе биде домаќина на повеќе од 70 шефови на држави и влади во светот. Францускиот претседател Емануел Макрон како домаќин вечерва организирал вечера за светските лидери, објави агенцијата Анадолу (АА).

Меѓу многуте лидери на вечерта беа турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп, кои срдечно се поздравиле и разговареле на накратко. На вечерата во познатиот париски музеј Д’Орсе, меѓу другите била и германската канцеларка Ангела Меркел, како и Бакир Изетбеговиќ, претседавач со Претседателството на БиХ, и српскиот лидер Александар Вучиќ.

За време на дводневната посета на Париз, Ердоган се очекува да оствари билатерална средба со неколку лидери, меѓу кои и со Трамп.

На церемонијата на прославата на100-годишнината од крајот на Првата светска војна во Париз би требало да присуствува и Рускиот претседател Владимир Путин.

Мировниот договор беше потпишан на 11 ноември 1918 година и по тој повод утре во Париз официјално ќе биде обележан овој јубилеј.

Во летото 1914 година Австро-Унгарија објавила војна против Србија, почнувајќи од Првата светска војна. Непосредна причина за војната беше атентатот на австро-унгарскиот престолонаследник надвојвода Франц Фердинанд, кој се случи еден месец претходно, на 28 јуни, во Сараево.

Првата светска војна беше глобален вооружен конфликт помеѓу два сојузи на држави (Антанта и Централната сила), кој се одвиваше на неколку континенти помеѓу 1914 и 1918 година. Последиците од војната беа, меѓу другото, повеќе од 40 милиони жртви, вклучувајќи и околу 20 милиони мртви војници и цивили и значително уништување на држави, и од тука се смета за прва војна од глобални, светски размери.

Русија и Германија се двете земји кои имаа најголем број жртви во Првата светска војна. Имено, 1.8 милиони руски и 1.7 милиони германски војници беа убиени. Третата земја е Франција со 1,3 милиони мртви војници.