Јапонски воени ловци, пресретнале руски извидувачки авион

0
189

Јапонски борбени авиони полетале за да го прсренат рускиот извиднички авион Ил-38 во близина на поморската граница на двете држави, објави вчера јапонското Министерство за одбрана.

Според јапонските информации, во четвртокот, на 8 ноември, авион на руските воздушни сили се приближува кон западниот брег на Хонсху. Ил-38 прелетал околу 1,2 илјади километри од југ кон север од островот, по што се вратил во својата база.
Јапонското Министерство за одбрана истакна дека руските авиони не го повредиле јапонскиот воздушен простор.

Јапонија веќе и претходно пресретнувал руски воени авиони, а последен пат тоа било во октомври оваа година, кога исто така станувало збор за авионот Ил-38.