Ширум Турција денес, со пригодни програни и манифестации се обележува 80-годишнината од смртта на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на модерната Република Турција,пренесе агенцијата Анадолу (АА).

Централниот настан се одржа во мавзолејот Ататурк во Анакабир во Анкара, каде што присуствуваше турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и делегации.
Ердоган положи венец во мавзолејот, по што точно во 09:05 часот, во времето на Ататурк, првиот претседател на Турција беше оддадена почит со сирени.
![]()
Утрово во 9:05 часот, во времето кога починал Ататурк, секојдневните активности во Турција беа прекинати на две минути. Во тоа време се зачуа сирените, а луѓето со минутно молчење и други пригодни свечености се постетија на основоположникот на Република Турција.
Особено невообичаени сцени е стопирањето на сообраќајот на патиштата, каде што возачите излегле од своите возила оддавајќи почит на Ататурк.
Годишнината од смртта на Ататурк со соодветни програми и приеми се слави низ цела Турција, но и во дипломатските мисии на таа земја низ светот.
Ататурк е роден во 1881 година во грчки Солун, тогашно Османлиско царство. Тој ја доби најголемата воена слава од водечките турски борци во битката кај Чанаккале. По распадот на Османлиското царство по завршувањето на Првата светска војна, Ататурк ја водеше турската војска во ослободителната војна.

Како основач и претседател на Република Турција, тој ја трансформира земјата во модерна, секуларна и прозападна држава. Тој почина на денешен ден во 1938 година, на возраст од 57 години.









