Приведени се 6 лица кои подготвувале атентат врз Макрон

0
195

Дирекцијата за внатрешна безбедност (ДГСИ) информираше дека се приведени 6 лица кои подготвувале атентат врз претседателот Емануал Макрон, јавува Anadolu Agency (AA).

Според веста што ја објави каналот BFMTV, во француските подрачја Изер, Ил и Вилен и Мозел спроведени се операции против екстремно десноориентираните структури.

Во веста се вели дека во операциите се фатени 6 лица, од кои една жена, во подготовка за атентат врз францускиот претседател Макрон.

Единиците на француската Дирекција за внатрешна безбедност (ДГСИ) спроведоа операција во која е откриено дека се подготвувал голем напад, и дека отворената истрага ќе ги разјасни деталите и димензиите на заканата и начинот на кој требало да биде изведен нападот.

Минатата година во Франција беа приведени 10 лица кои се подготвувале да изведат напад врз познати личности од општеството и високи функционери. Овие лица, членови на екстремно десничарските групи, планирале со напади врз познати личности и активности преку интернет да предизвикаат одек во јавноста.

На новиот директор на Дирекцијата за внатрешна безбедност, Николас Лернер, вчерашниот ден му беше првиот ден на новата функција. Министерот за внатрешни работи на Франција, Кристофер Кастанер, во своето обраќање на церемонијата на примопредавањето на функцијата, предупреди дека треба да се биде претпазлив, бидејќи на целата територија на Франција се соочуваат со активности на екстремно десните и екстремно левите движења.