Гренада го повлече признавањето на Косово

0
176

Гренада стана деветта земја која неодамна го повлече признавањето на независноста на Косово, изјави вчера српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ.

Нема точен број на држави кои официјално го признаа Косово, а двете земји даваат различни информации за ова. Косовската влада тврди дека нивната независност е признаена од страна на 110 земји-членки на ОН, додека српската страна тврди дека се преувеличува , наведувајќи дека за помалку време овие држави ќе бидат помалку од 100, за што Србија шири активните дипломатски напори. Земјите кои го повлекуваат признавањето на Косово или не сакаат да ги признаат, се најчесто егзотични земји од Централна и Јужна Америка, Африка и Океанија.