Нетанјаху го нарече “историски ден” почетокот на новите санкции против Иран

by Administrator

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху почетокот на новите американски санкции против Иран ги нарече како “историски ден“ кој ќе ја редуцира “агресијата” на Техеран во регионот.

– Денес е историски ден. Денес е денот кога САД, предводени од претседателот Трамп, воведоа екстремно тешки санкции против Иран, наметнаа големи санкции за Техеран, со цел да се потисне неговата агресија, им изјавил Нетанјаху на членовите на неговата партија Ликуд, објави неговата канцеларија.

Во текот на денот, израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман новите санкции ги нарече како “критичен удар” за активностите на Иран во регионот.
Мерките кои ги опиша Вашингтон како “најтешки санкции досега” уследеа после контроверзната одлука на Трамп во мај да повлече од мултилатерален договор со Техеран, објави АФП.

Извор:(Vijesti / ФЕНА)

You may also like