ТУРЦИЈА: Минибус влетал помеѓу две згради, 20 повредени лица

0
285

Најмалку 20 лица се повредени во сообраќајна несреќа која денес во попладневните часови се случи во северозападната турска провинција Кочаели.

Како пренесуваат извори во центарот на градот Голчука возило на јавен градски превоз градскиот слетало во просторот помеѓу две станбени згради.

Возачот ја изгубил контролата на минибусот, кој потоа завршил во сутеренот на зградата под патот.

На местото на несреќата пристигнале голем број полициски, амбулантни и противпожарни бригади тимови.

Началникот на тој регион, Мустафа Алтинташ, изјавил дека во болница биле префрлени 20 повредени лица , но ниту еден од нив не било животно загрозено.

Во тек е истрага за несреќата.