Во Хрватското море плутале пакети со 156 килограми марихуана, релацијата била Албанија или Црна Гора

0
223

Хрватските медиуми објавија дека припадници на ПУ Дубровник-Неретва во близина на Оребиќ, Блато на Корчула и Мљет пронашле околу 156 килограми марихуана.
Марихуаната била во пакети, а полицијата пакетите ги пронашла благодарение на дојава на граѓани, пишува Дубровачки Дневник

“Се претпоставува дека релацијата била Албанија или Црна Гора кон Италија. Станува збор за вообичаен поморски пат за шверцери, а во случај на некоја хаварија на брод јужниот ветер, знае на брегот да донесе пакети со дрога . Моментално во тек е крининалистичко истражување со цел откривање на сопственикот на дрогата“ соопшти полицијата, заблагодарувајќи им се на граѓаните за дојавата со апел да продолжат да известуваат дали откриле сомнителни пакети на море.

Извор:cdm