Претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган порача дека нема да дозволи природните ресурси на Источниот Медитеран да се експлоатираат без Турција и Турската Република Северен Кипар, пренесе Агенција Анадолу (АА).
Во Истанбул денес се одржа свечена предавање на бродот ТЦГ Бургазада на турската морнарица и започнат е проект за изградба на турска подморница Ајдинир.

Станува збор за брод кој Турција го изгради во рамките на национален проект за изградба на воени бродови МИЛГЕМ. Во рамките на проектот во завршна фаза е изградбата на четвртиот воен брод Киналијада.
Истакнувајќи дека ова е исклучителна национална програма, Ердоган истакна дека секој производ на домашната одбранбена индустрија е симбол на сила и независноста на таа земја.
-Надворешната зависност во одбранбената индустрија во изминатиот период ја намаливме од 80 на 35 проценти. Ќе продолжиме со овој тренд во иднина на радоста и честа на нацијата, но исто така и на сите пријатели на Турција – изјавил Ердоган.
Коментирајќи за тешките тензии во водите на Источниот Медитеран и Егејското Море,Ердоган изјави дека сите што мислеа дека може да дејствува во тој регионот без знаење на Турција, почнаа да сфаќаат дека направија огромна грешка.
– Ние немаме никакви претензии по било која територија, права и интереси.
Ние само ги заштитуваме нашите сопствени права и интереси на нашите браќа – истакнал Ердоган.
Тој додаде дека Турција решително ќе се спротивстави на сите непријателски активности во акваториумот, исто како што се спротивставија на терористичките активности во Сирија.
Неговото предупредување се однесуваше на обид на грчката администрација на Југот Кипар еднострано и без согласност на Турција и северен Кипар да ги истражува и експлоатира ресурсите во Источниот Медитеран.
– Никогаш нема да дозволиме да успеат оние кои сакаат Турција да биде доведена доведе до ситуација да не може да загази во своите мориња – рече Ердоган.
Тој, исто така, истакнал дека меѓу 100-те најголеми компании во светот во воената индсутрија се наоѓаат четири турски компании и дека притоа Турција е шеста земја во светот.











