ТУРЦИЈА / Судар на Истанбулскиот аеродром Ататурк, најмалку 10 лица повредени

by Administrator

Најмалку десет лица биле повредени во сообраќајна несреќа што се случи на аеродромот Ататурк во Истанбул.


До несреќата дошло при судир на возило кое превезувало багаж до авионот и минубус кој превезувал работници на компанијата задолжена за чистењето на комплексот на аеродромот.

На местото на несреќата пристигнал голем број на полициски, амбулантни и противпожарни екипи. Повредените лица биле префрлени во болницата, а надлежните органи ги одстрануваат оштетените возила од местото на несреќата.
Несреќата не предизвика нарушување на воздушниот сообраќај, а истрагата за причината за несреќата е предмет на истрага.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=oAwhxuCpyys[/embedyt]

Извор:РСА / Видео / iha.com.tr

You may also like