Намалено нивото на Охридското езеро

0
192

Охридското езеро за околу 80см е смалено нивото од месец мај до сега,кога се искачи на точка од 694 м.н. в. Денешните мерења на ЕЛЕМ покажуваат дека водата се наоѓа на 693,26 м.н.в или на 16 см до минималната кота од 693,10 м .н.в.

Aктивистите на неформалната Охрид Сос преку соопштение велат дека големите разлики се како резултат на несоодветниот начин на регулирање на истекот на Охридското Езеро во реката Црн Дрим, по чие течение на македонска страна се наоѓаат две хидроцентрали.

“Затворете ги испустите на Дрим кај Струга, водата во Охридското езеро е значително намалена. Во каналот „Студенчишта” има „влезено” поголема количина на плашица која може да угинд поради недостаток на кислород. Билјанини извори „секнаа” од пумпите на Водовод па нема дотур на свежа вода во каналов” велат од Охрид СОС, јавува 24 вести.

Извор:НоваТВ