Невремето носи сё пред себе: Расте бројот на жртвите во Италија

0
262

Најмалку 17 лица загинаа во невремето што ја погоди Италија оваа недела, а во поплавит во Палермо, Сицилија, девет лица го загубија животот овој викенд
Италијанско државно радио објави дека надојдена река од обилните дождови во Палермо, поплавила куќа во руралната област на Палермо, при што загинале девет лица – членови на две семејства кои заедно го поминувале викендот.

Државното радио објави дека едно лице ја преживеало поплавата во саботата навечер цврсто држејќи се за дрво.

ANSA објави дека две лица исчезнале денес во други инциденти во близина на Сицилија, откако надојдените води ги однеле нивните автомобили, вклучувајќи го и автомобилот на лекар кој се упатил во болницата Корлеоне.

Обилните дождови во саботата ја погодија и Сицилија, јужниот италијански остров, неколку дена откако бурите погодија голем дел од северна Италија, објави АП.

Италијанската агенција за цивилна заштита објави дека во петокот од удар на гром на Сардинија настрадал турист од Германија.

Како пренесува Ројтерс, уште едно лице, кое пред неколку дена било погодено од гром, починало во болница.

Повеќето ги загубииле своите животи од паднатите дрвја.

Според проценката на здружението на италијански деловни компании, во невремето се уништени колу 14 милиони дрва. Најголема штета е предизвикана од областите околу Венеција, каде заради одроните отсечени се села и патишта.

Извор:cdm