Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, се состана денеска во Истанбул со украинскиот претседател Петро Порошенко, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган и Порошенко се состанаа во палатата Мабејн во Истанбул. Откако на камерманите и фоторепортерите им беше дозволено да го забележат почетокот на состанокот, разговорот на двајцата лидери е продолжен зад затворени врати.
По состанокот е планирана заедничка конференција за новинарите.
Порошенко денес претходно, во рамките на посетата на Турција, се состана со вселенскиот патријарх Бартоломеј I.










