Државната телевизија објави дека Иран започнува со производство на борбени авиони, еден ден откако администрацијата на Доналд Трамп го објави воведувањето на преостанатите санкции на САД за Техеран со што би се зголемил економски притисок врз земјата, објави Агенцијата Анадолу (АА).
Министерот за одбрана, генерал Амир Хатами, соопштил дека производната линија ја покажува способноста на иранските експерти и покрај “санкциите од непријателот”.
Во петокот, САД најавија повторно враќање на сите санкции против Иран почнувајќи од понеделник, и тие ги покриваат транспортот, финансискиот и енергетскиот сектор. Ова е втора серија санкции против САД против Иран откако во мај оваа година, американскиот претседател Трамп ја повлече земјата од нуклеарниот договор.











