Работниците пронашле човечки коски во амбасадата на Ватикан во Италија, а полицијата го испитува случајот, соопшти Ватикан.
Италијанските медиуми објавија дека форензичките научници се обидуваат да утврдат дали се работи за остатоците на Емануела Орланди, 15-годишна ќерка на еден вработените во Ватикан коај исчезна во 1983 година.
Ватикан потврдува дека делови од коските биле откриени при обновувањето на Амбасадата на Светата Столица, недалеку од галеријата Боргезе во Рим.
Истрагата ја води главниот обвинител Џузепе Пињатоне.
Исчезнувањето на Емануеле Орланди е една од најголемите мистерии на модерната италијанска историја. Таа беше киднапирана на 22 јуни 1983 година откако го напушти семејниот дом во Ватикан и замина на час по музика во Рим. Имаше 15 години. Нејзиниот татко бил вработен во Светата Столица.
Нејзиното исчезнување првично беше поврзано со можен обид на непознати лица да изнудат ослободувањето на Мехмет Али Агча, турски напаѓач кој го нападна папата Јован Павле Втори. Во 1981 година, во тој период служел доживотна затворска казна во италијанскиот затвор.
Во 2005 година анонимно лице повика телевизиско шоу и изјави дека тајната за киднапирањето на Орландо била погребана заедно со Енрико “Ренатин” Де Педис, мафијаш кој дотогаш бил на чело на озлогласената банда Маглијана кој го тероризираше Рим во 1980-тите. Полицијата го отвори неговиот гроб во 2012 година, ама во ковчегот биле само коските на Де Педис, убиен во 1990 година во мафијашка пресметка.
Во соопштението на Ватикан, Орланди не се споменува.
Извор:RSA










