Експлозија на влезот на Руската безбедносна служба во Архангелск

0
202

Рано утринава се случила експлозија на влезот на регионалниот штаб на Федералната служба за безбедност во Архангелск, град скоро речиси илјада километри оддалечен од Москва, објави Националната канцеларија за борба против тероризмот.

Националната антитерористичка канцеларија ја истражува експлозија што се случи во средата изутрина на влезот во регионалното седиште на Федералната безбедносна служба (ФСБ) во Архангелск, северна Русија. Околу зградата бил воспоставен безбедносниот појас, а објектот бил евакуиран. Градските власти одржаа вонреден состанок.

Според непотврдени извештаи, експлозијата била со мала моќност. Градоначалникот рече дека експлозијата убила едно лице, а тројца мажи биле хоспитализирани.

Националната канцеларија за борба против тероризмот соопшти дека тројца повредени се вработени во ФСБ. Лицето кое ја предизвикало експлозијата било убиено на самото место, а експлозивна направа експлодирала во неговите раце.

“Според прелиминарните информации, лицето кое влегло во зградата на ФСБ од торба извадило неидентификуван уред, кој подоцна експлодирал во неговите раце, предизвикувајќи тешки телесни повреди”, се вели во соопштението на Канцеларијата.

“Беезбедносни мерки биле преземени на јавни места. Во моментов се прави идентификација и типот на употребените експлозиви, како и уредот “, се вели во извештајот.

Сторителот е идентификуван и има 17 години. Започна истрага за терористичкиот напад. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите дека Владимир Путин бил информиран за овој напад.

Извор: SputnikNews