Светската унија на исламски научници (ИУМС) ја пофали позицијата на Турција во контекст на истрагата за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, кој беше убиен на 2 октомври во саудискиот конзулат во Истанбул, јави агенцијата Анадолу (АА).
Ахмед ер-Рајсуни, заменик-претседател на ИУМС, во разговор со новинар на АА зборувал за ставот на Република Турција и безбедносните служби во врска со атентатот на Кашоги.
“Државата Турција и полициските единици на оваа земја досега докажаа искуство, професионализам и објективност без преседан во случај на атентатот на Кашоги”, истакнал Рајсуни, додавајќи дека турското обвинителство во овој случај се потпира само на многу силни и сигурни докази.
Рајсуни понатаму изјави дека Турција ќе продолжи да ги исполнува своите обврски и да биде објективна во овој случај.
“Турција му оддржа лекција нс ветот за тоа “како се управува со криза“Покажа неутрален став.Претседателот и министрите не покренаа било каква кампањи преку овој случај, ниту пак земаа политички позиции. Работата им ја препуштија на полицијата и разузнавачките служби за да утврдат што всушност се случило “истакна Рајсуни.
Тој, исто така, истакна дека фактот дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган зборуваше за случајот дури после три недели, покажува дека тука не станува збор за политичо искористување. Напротив, како што истакна Рајсуни, Турција покажа колку е успешна во контекст на управувањето со кризи и тоа имаше можност да го види целиот свет.
Тој, исто така, додаде дека 15-те уапсени лица поврзани со убиството на Кашоги требало да бидат изложени на судење пред турското судство, за што Турција, исто така, испрати официјално писмо до Саудиска Арабија, барајќи нивна екстрадиција.
“Турција е земја која може независно да ги суди луѓето кои се вклучени во убиството”, истакнал Рајсуни.
Извор:(Vijesti / AA)










