ХАВАРИЈА ВО РУСИЈА : Потона најголемото пловно пристаниште на светот (Видео)

by Administrator

Инцидентот се случи на 82-тото бродоградилиште во селото Росљаково, во регионот Мурманск. На пристаништето паднале два крана, од кои еден паднал на палубата на рускиот носач на авиони.

Сепак, најголема штета претрпела опремата, а не палубата.

Претходно беше објавено дека дошло до дефект на електричната мрежа. Резервоарите на ПД-50 се наполниле, и пристаништето потонало. Во таа прилика, четири лица биле повредени, а едно лице исчезнало.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=HIPfk40zW-Y[/embedyt]

По несреќата, крстосувачот бил однесен во 35-тото бродоградилиште во близина на Мурманск. Штетата направена на рускиот носач на авионот нема да влијае на роковите на модернизација.

PD-50 е најголемот лебдечко пристаниште во светот.

Фото:Носач на авиони Кузњецов

Потсетуваме, во тек е ремонт на единствениот руски носач на авиони “Адмирал Кузнецов”.

Извор:СБ

You may also like