Прием на Aмбасадата на Турција во Скопје, по повод Денот на Републиката

0
246

Амбасадата на Турција во Скопје вечерва приреди прием по повод 29 Oктомври – Денот на прогласувањето на турската Република пред 95 години, јавува Anadolu Agency (AA).

Гостите на приемот беа пречекани од страна на aмбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, и нејзиниот сопруг, Џумхур Кара. На приемот присуствуваа премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, претседателот на Собранието, Талат Џафери, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, министерот за култура Асаф Адеми, голем број пратеници, амбасадори, дипломати, верски претставници, претставници на турските институции и организации во Македонија, претставници на невладини организации, бизнисмени и останати гости.

Откако беа интонирани химните на двете земји, амбасадорката Кара ја прочита пораката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Амбасадорката по читањето на пораката од турскиот претседател одржа поздравен говор во кој истакна дека националното единство и заедништво, кои се главната сила во основањето на Републиката (Турција), и по 95 години сè уште ја зачувува својата живост.

Кара исто така нагласи дека и покрај сите негативни случувања во околината, Турција одлучно чекори во насока на целта на надминување на нивото на современите цивилизации.

„Со ваквата одлучност нашата земја, како и за време на предавничкиот обид за државен удар на 15 јули, одлучно ги сруши сите препреки пред себе, со што успеја да земе место помеѓу растечките сили во светот“, истакна Кара.

Турскиот народ има вкоренета традиција за помош која извира од својата историја и култура, нагласи Кара, и додаде: „Турција секогаш ќе им помага на земјите и пријателите на кои тоа им е потребно“.

Амбасадорката на Турција, Тулин Еркал Кара, го изрази своето задоволство од тоа што 95-тата годишнина од Денот на прогласувањето на Турција за Република ја прославува, како што рече: „Во пријателска и братска Македонија.“

„Корените на историските, културните и човечките врски меѓу Република Турција и Република Македонија се базираат на 600 години. Со своето постоење, нашите сонародници кои додаваат сила и богатство на Македонија, и турските државјани со потекло од Македонија кои живеат во нашата земја се најважните елементи во мостот на пријателството помеѓу нашите земји“, нагласи амбасадорката.

Кара, на вечерашната свеченост исто така изјави дека од срце верува дека односите помеѓу Турција и Македонија, кои се на одлично ниво, и чија сила се базира на силните врски, во наредниот период ќе продолжи да расте, и ќе придонесе повеќе во корист на народите на двете земји.

„Нашата држава, како и до денес, така и отсега натаму, најсилно ќе продолжува да ја поддржува пријателска и братска Македонија како стабилна и просперитетна држава во интеграцијата во евроатлантските структури“, истакна Тулин Еркал Кара.

Во рамките на приемот беше презентирана и изложбата насловена „Срцето на зборот“ на турскиот сликар и калиграф Ахмет Сула.

По повод 29 Октомври – Денот на прогласувањето на Турската Република пред 95 години, вечерва беше приреден прием и во амбасадите на Турција во земјите од регионот.