(Видео) Венеција се подготвува за најлошата поплава во последните 40 години

0
346

Патиштата се поплавени и затворени бројни училишта во Италија, која е подготвена за невреме со удари на ветер  до 100 км / ч проследени со обилни, и зголемување на нивото на водата, а ситуацијата е драматична во Венеција, во пресрет на најголемата поплава во речиси 40-те години.

Црвениот метеоаларм бил прогласен е за северот на Италија во провинциите Лигурија, Ломбардија, Венеција, Фриули и Трентино и во централната италијанска провинција Абруцо, објави агенцијата АФП.

Се додава дека портокалов метеоаларм е објавен за голем дел од преостанатиот Апенински полуостров и за Сицилија.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=7VhLxCppxuo[/embedyt]

Сите училишта во Венеција, Рим, Џенова, Месина во Сицилија и во многу општини во Пиемонт и Тоскана биле затворени.

Најголемата загриженост владее на северот, каде што нивото на водата на реката По се зголеми за 2,5 метри за 24 часа. Бидејќи во септември имало многу малку врнежи, сувоста на почвата го влошува ризикот од поплави, а Венеција се подготвува за најлоши поплава од 1979 година, пренесува агенцијата ДПА.

Се очекува дека високото ниво на вода, познато како “acqua alta”, да достигне 160 сантиметри на околу 15 часа, што значи дека 77 отсто од историскиот центар на градот ќе биде поплавен.

Најлошата поплава се случи во 1966 година

На 22 декември 1979 година, acqua alta беше 166 сантиметри над референтната точка во Пунта дел Салуте, јужниот влез на Големиот канал пред плоштадот Свети Марко.

Меѓутоа, најлошата поплава во модерната ера што Венеција ја почувствувала се случила во 1966 година, кога нивото на водата достигнало 194 сантиметри.

Цивилната заштита е на високо ниво на подготвеност во многу делови на Италија. Италијанските пожарникари објавија дека во текот на утрото направиле скоро 500 интервенции поврзани со временските услови што започнале на полноќ.

На југ, невремето ја уништи провинцијата Бриндизи во неделата и предизвика штета од истребување на маслинки, и млади и стари дрвја.

Филипо де Миолис, раководител на локалните синдикати на земјоделски работници, зборуваше за “апокалиптична слика на дрвја и полиња покриени теписи на маслинки”.

Извор:(Vijesti)