Авионот на  компанијата Lion Air, кој падна во морето денес со 188 луѓе, веднаш по полетувањето од Џакарта, имал технички проблем во текот на претходниот лет, изјави шефот на индонезиската компанија Едварт Сираит. Досега не се пронајдени преживеани.

“Авионот претходно летал од Денпасар до Џакарта, а имавме извештај за техничко прашање кое беше решено во согласност со постапката”, им изјавил Сираит за новинарите.

Тој одби да ги специфицира деталите.

Спасувачите открија делови од телата во водата по падот на авионот на “Лион ер” по полетувањето од Џакарта, соопштија индиските власти.

Спасувачите сè уште трагаат за главниот дел на авионот откако пронајдоа остатоци, а помали остатоци  на површината на Јаванското Море.

Авионот паднал во водата на длабочина од 30 до 40 метри. Патнички предмети биле пронајдени во водата, вклучувајќи ги и личните карти и возачките дозволи, велат официјалните претставници.

“Не знаеме дали има преживеани. Се надеваме, се молиме но не можеме да потврдиме”, изјавил портпаролот на агенцијата која ја спроведува истрагата Јусуф Латиф.

Боинг 737 е нов тип и сеуште не е јасно што предизвика негово паѓање.

Lion Air користи 11 такви авиони, додека други авиони немаат технички проблеми, изјави директорот на компанијата. Сираит додаде дека не е планирано приземјување и на други авиони од овој тип.

Извор:(Vijesti / Klix)