39-годишниот Ф.О.О. од Холандија, вчера, околу 10:40 часот бил приведен во Полициската станица во Струга поради тоа што во алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир и ги вознемирувал граѓаните пред маркет во градското пазариште.
– Тој бил задржан во полициската станица за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.









