Атина бара Тирана да го разјасни убиството на Грчкиот државјанин

0
293

Грчкото Министерство за надворешни работи ја осуди операцијата на албанската полиција во која еден грчки државјанин беше убиен претходно денеска за време на вооружен конфликт на митингот по повод годишнината од влегувањето на Грција во Втората светска војна против Италија.

Министерството во Атина изјави дека “е неприфатливо операцијата да резултира со губење на човечкиот живот”.

“Очекуваме албанските власти целосно да ги разјаснат околностите во кои еден грчки државјанин го загуби животот како би превзеле неопходни мерки”, се вели во соопштението.

Албанската полиција денеска објави дека 35-годишниот Константинос Касифа бил првиот што пукал во селото Булатера, околу 255 километри јужно од Тирана. Касифа потоа пукал во полициското возило пред да почне да бега. Полицијата додаде дека Касифа бил убиен при размена на оган со полицијата.

Касифа, со потекло од Грција, роден е во Буларати, но живее во Атина.

По веста за смртта на Касифа, членовите на екстремната десничарска политичка партија во Грција, Златна зора, протестираа пред албанската амбасада во Атина, блокирајќи го главниот пат во грчкиот главен град.

Албанските медиуми објавија дека Касифа бил член на Златна зора.

Одговарајќи на изјавата од грчкото министерство, албанското Министерство за внатрешни работи изрази жалење поради “неоправданата политизација на еден настан во соседната земја”.

Албанската полиција соопшти дека тоа е целосно изолиран инцидент и “флагрантен случај” за напад врз албанската полиција. Полицијата додаде дека Албанија е безбедна и мирна земја за сите граѓани, вклучувајќи ги и оние од грчка националност.

Грција и Албанија имаат затегнати односи поради различни нерешени прашања.