Судир заради знаме: Албанската полиција убила Грчки државјанин

0
254

Припадниците на албанската полиција убија Грк недалеку од границата на двете земји, објавија грчките и албанските медиуми.

Грчкиот државјанин, идентификуван како Константинос Кацифас, беше убиен во престрелка откако од “калашњиков“ отворил оган врз албанските полицајци кои го симнувале грчкото знаме од гробиштата од Втората светска војна.

Албанските медиуми објавија дека Кацифас запукал на полицајците кои сакале да го симнат грчкото знаме ставено на воените гробишта во близина на селото Буларат, недалеку од границата со Грција.

Инцидентот се случил кога жителите на тоа село, претежно Грци, го обележувале влегувањето на Грција во Втората светска војна во 1940 година.

Албанската полиција се обиде да го отстрани грчкото знаме, но Кацифас отворил оган од “Калашникови”, потоа избегал кон селото, а потоа и кон околните шуми.

Таму го пристигнале албански специјални сили, кои го убиле во размена на оган, објавија албанските медиуми.

Албанската полиција соопшти дека Кацифас носел униформа за време на конфликтот, како и дека со неколку истрели го погодил полициско возило.

Касифа, по потекло Грк, роден е во Буларат, но живеел во Атина веќе некое време.

Извор:cdm