Со низа на манифестации во Турција денес се обележува 95-от.роденден на Републиката, јави агенцијата Анадолу (АА).
Националниот ден на Република Турција се слави на 29-ти октомври во знак на сеќавање за прогласување на Република Турција од 1923 година. Републиката ја прогласил војсководецот Мустафа Кемал Ататурк, кого Големото народно на ова земја го избра за прв претседател на модерна Турција.
Еден од најголемите државни празници во Турција е обележан со серија на пригодни манифестации низ целата земја, вклучувајќи полагање на венец во Анакабир, мавзолејот на основачот на Републиката Ататурк.
Годишнината од формирањето на Републиката ќе биде одбележана со свечени приеми во Амбасади на таа земја во светот.
По повод Денот на Републиката и 95-годишнината од формирањето на модерната турска држава, претседателот на таа земја Реџеп Тајип Ердоган им го честиташе национален празник на сите граѓани и пријатели.
– Со остварување визијата за развој за 2023 година, ќе го крунисаме големиот пат кој нашиот народ го премина од Селџуците, преку Отоманлиите до основањето на млада Република Турција. Со визиите за 2053 и 2071 години тоа ќе го подигнеме на уште повисоко ниво – истакнал Ердоган.
Истакнувајќи дека секој успех на Турција е важен за целото човештво, а особено за сите обесправени и угнетени, кои својата надеж ја полагаат во Турција.
Никогаш нема да се откажеме од нашите чесни погледи и нема да дозволиме на тој пат да нё сопрат било какви пречки, саботажи и игри. Со целата наша сила ќе работиме да ја направиме Републиката просперитетна и вечна – завршил Ердоган.




















