Радикалниот десничар Болсонару, победи на претседателските избори во Бразил

0
147

Радикалниот десничар и кандидат на Социјал-либералната партија (PSL), Жаир Болсонару, победи во вториот круг на претседателските избори во Бразил, пренесува Anadolu Agency (AA).

Гласачите во Бразил вчера избираа нов претседател на државата. Противник на Болсонару беше левичарот и кандидат на Работничката партија (PT) Фернандо Хадад.

Според прелиминарните резултати од изборите, од преброени 99 % од гласовите, Болсонару освои 55,1 %, додека Хадад 44,9 %.

Победникот Болсонару е поранешен офицер на бразилската Војска, познат по својата радикална реторика. Во предизборната кампања тој вети бескрупулозна борба против корупцијата.

Американскиот претседател Доналд Трамп меѓу првите го побара и му упати честитки на Болсонару за изборната победа.

Портпаролот на Белата куќа, Сара Сандерс, соопшти дека Трамп во телефонски разговор му ветил помош на Болсонару во борбата за подобрување на условите за живот во Бразил.