Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција, наследството што го презеде од Селџуците и Османлиите ќе го круниса со целите што ќе ги оствари во иднина.
По повод 29 октомври, Денот на републиката претседателот Ердоган објави порака со честитки.
Ердоган во пораката изрази благодарност на сите оние кои во минатото дадода придонес за денешното ниво на Турција, потенцирајќи дека Турција во претстојниот период со остварување на предвидените цели ќе се искачи на повисоко ниво.
Нам ни е доволна честа што сме припадници на една земја која во историјата не го сврте грбот на угнетените, туку секогаш го споделуваше домот и лебот и преферираше да биде на страната на правдата.
Ние никогаш не направивме отстапки од овој наш став, никогаш не дозволивме и нема да дозволиме ниту една пречка, ниту една саботажа, ниту една игра да не оттргне од предвидените цели.
Претседателот Ердоган во пораката се осврна и на борбата против тероризмот и обидот за воен удар на 15 јули 2016 година и изрази почит и покој на душата на припадниците на безбедносните сили и граѓаните кои загинаа во овој несреќен настан, потенцирајќи дека Тие вечно ќе живеат во меморијата на народот и државата.
Успехот на Турција претставува духовна храна за угнетените и оштетените во светот. Поради тоа Турција покрај тоа што е 17-та земја од аспект на економијата, нашата земја е прва од аспект на хуманитарната помош што ја доставува на настраданите во светот. Турција е единствена земја која што во период кога сите земји во светот ги затворија своите врати за бегалците, ние ги отворивме не само границите туку и душата и на тој начин ја остваривме човечката обврска, рече Ердоган.
Победите кои што ги извојува турскиот народ во минатото, претставуваат симболи на нашиот благороден став.
Големото патување кое продолжува во еден историски континуитет почнувајќи од Селџуците, Османлиите и младата Република Турција, се надевам дека ќе се круниса со целите што ќе ги оствариме во 2023-та, додека со визиите за 2053 и 2071 година ќе се искачиме на повисоко ниво, рече Ердоган.
TPT









