Министерот за рударство и енергетика на Србија Александар Антиќ рече дека проектот „Турски тек“ има големо значење за целиот регион изразувајќи ја спремноста на Србија за вклучување во гасоводниот проект.
На Форумот за енергетска безбедност на Евроазија во Белград, министерот Антиќ во говорот се осврна на значењето на проектот Турски тек со кој рускиот гас што ќе се пренесува преку Турција за Евроазија.
Остварувањето на овој проект има големо значење од аспект на енергетската безбедност на Балканот, рече Антиќ потенцирајќи дека преку Турција се планира пренос на 10 до 15 милијарди метри кубни гас. Пренесувањето на гасот преку Бгарија, СРбија, Унгарија и Австрија за Европа, претставува извонредна прилика за развој на нашата енергетска безбедност.
Изразувајќи ја спремноста на Србија за вклучување во проектот, Антиќ рече дека овој процес е повррзан и за соседните земји како што се Бугарија и Австрија.
Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто рече дека проектот треба да напредува во правец Бугарија, Србија и Унгарија.
Сијарто го изнесе ставот декапокрај блиската соработка меѓу Русија и Западна Европа, за жал ЕУ има агресивен став кон проектот.
Сијарто меѓудргото посочи на обвинувањето на европските земји кон Русија поради соработката со Блискоисточните и Источните земји потенцирајќи дека ако направиме подлабока анализа, тогаш ќе видиме дека и меѓу Западна Европа и Русија постои соработка. Оваа соработка не е самово сферата на енергетиката, туку е посеопфатна.
TPT








