РОДЕНДЕН НА РЕПУБЛИКАТА / Турција утре го отвара најголемиот аеродром на светот (Видео)

0
589

Со низа на  настани и церемонија на отворање на најголемиот аеродром Турција утре ќе го одбележи 95-тиот роденден на Републиката.

Националниот ден на Републиката во Турција се слави на 29-ти октомври во знак на сеќавање на прогласување на Република Турција од 1923 година.

Републиката беше прогласена од страна на војсководецот Мустафа Кемал Ататурк, кого големото Собрание на Турција земја го избра за прв претседател современа Турција.

Еден од најголемите државни празници во Турција се обележува со серија пригодни манифестации низ целата земја а централната манифестација вклучува полагање на венци во мавзолејот на основачот на Република Ататурк во Аниткабир.

Годишнината од формирањето на Републиката ќе биде одбележана со свечени приеми во Амбасади на таа земја во светот.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган утре на Денот на Републиката свечено ќе го отвори новоизградениот аеродром во Истанбул.

Станува збор за најголемиот аеродром во светот кој се протега од површината на 76,5 милиони квадратни метри. Првата фаза ќе биде отворена утре аеродром кој ќе биде целосно оперативен до 2023 година, кога Турција ќе ја прослави јубилерната сто годишнина од постоењето на Република Турција.

На церемонијата на отворање на новиот аеродром во Истанбул утре ќе присуствуваат и бројни високи функционери од целиот свет.

Меѓу светските лидери при отворањето на аеродромот во Истанбул ќе бидат претставници од регионот, вклучувајќи го и претседателот на Албанија Илир Мета,Претседател на Србија Александар Вучиќ, претседател на Косово Хашим Тачи, претседател на Македонија Ѓорге Иванов, претседател Совет на министри на Босна и Херцеговина Денис Звидиќ и заменик-министер премиер на Словенија Аленка Братушек.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=eBpw0OwDB8g[/embedyt]