Земјотрес со јачина од 5,8 степени по Рихтер ја погоди Романија

0
213

Земјотрес со интензитет од 5,8 степени по Рихтер рано утрово ја погоди централна и источна Романија. Земјотресот бил почувствуван и во Украина, Молдавија и Бугарија, соопшти романскиот институт за геофизика, јавува агенцијата АП.

Тлото почнало да се тресе околу 3.30 по локално време, со епицентар во планинската област Вранча, на длабочина од 150 километри.

Според информациите, потресот ги разбудил жителите на Букурешт и другите романски градови, а властите соопштиле дека Брзата помош примила голем број повици од граѓани кои имале напад на паника. Во областа во близина на земјотресот привремено снемало струја. Нема информации за повредени или причинета материјална штета.

Извор:НоваТВ