(Видео) Се урна и запали хеликоптерот на сопственикот на Leicester City

0
286

Хеликоптерот на сопственикот на англискиот фудбалскиот клуб Леичестер, се урнал на паркингот до стадионот, објавија британските медиуми. Сè уште нема податоци за жртвите и / или повредените, иако се верува дека сопственикот на клубот, тајландскиот милијардер Вичаи Сривадранапрабха, бил во хеликоптер.FILE PHOTO: Britain Football Soccer - Leicester City v AFC Bournemouth - Premier League - King Power Stadium - May 21, 2017 Leicester City chairman Vichai Srivaddhanaprabha acknowledges fans after the game Action Images via Reuters/Andrew Boyers/File Photo EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos or

Инцидентот се случил околу еден час посл натпреварот помеѓу Вест Хем и Лестер, извести Скај Њуз.

Како што известува Скај Њуз, очевидци опишуваат огромна експлозија во вид на топка која се појавила на небото откако хеликоптерот на Леичестер се урнал на паркинг, недалеку од стадионот. Пожарникарите за кратко го ставиле пожарот под контрола.

Пилот за кратко време изгубил контрола на хеликоптерот

Хеликоптерот полетал од фудбалскиот стадион по завршувањето на натпреварот, но пилотот многу брзо ја изгубил контролата над хеликоптерот, изјавиле очевидци. Еден очевидец за Sky News изјавил дека хеликоптерот ненадејно почнал да ротира околу својата оска, а потоа само за неколку секунди се урнал на паркингот, на околу 200 метри од стадионот.

Фотограф Рајан Браун, кој бил на местото на настанот за време на несреќата, изјавил во интервју за каналот 5 Live : “Моторот на хеликоптерот буквално запре и кога се свртев, слушнав механички звук”. Потоа се стивна и наеднаш се слушна силна експлозија.

Хеликоптер го пренесува сопственикот од Лондон после секој антпревар на Леичестер, на домашен терен

Сопственикот на Лестер е Вичаи Сривадранапрабха (61), тајландски милијардер кој на секој натпревар на својот клуб доаѓа и си заминува со приватен хеликоптер. Сè уште не знае дали бил во хеликоптер кој се урнал.

Sky News пишува дека по секој натпревар одигран на домашен терен со околу 20 познати лица полетувал од стадионот и ги префрлувал до Лондон, каде живеат.

За несреќата доцна вечерва се огласи и фудбалскиот клуб Леичестер.

“Им помагаме на полицијата и на други служби околу овој голем инцидент кој се случи од стадионот” King Power”. Клубот ќе издаде подетална изјава кога ќе бидат достапни повеќе информации”, обкавено е на интернет страната на клубот.