Ердоган по самитот во Сирија: „Наша цел е итно да се запре пролевањето крв”

0
204

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес во Истанбул по самитот за Сирија порача дека е одржан еден многу плоден состанок, и дека целта е на терен во потполност да се воспостави одржлив мир и што поскоро да се запре пролевањето крв, јавува Anadolu Agency (AA).

Путин: Сириската криза е можно да се реши исклучиво по дипломатски пат

Меркел по самитот во Истанбул: На сириската криза и е потребно политичко решение

Макрон: Сирискиот народ треба да има право на збор за својата иднина

Во Истанбул денес е одржан четирилатерален самит за Сирија на кој учествуваа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, неговиот руски и француски колега Владимир Путин и Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел.

Ердоган на заедничката прес-конференција истакна дека денес со колегите имал можност да оствари многу плодни и искрени разговори.

„Желба ни е донесените одлуки да бидат корисни за нашите сириски браќа. Имаме цел на терен во потполност да се воспостави оддржлив мир и што побрзо да се запре пролевањето крв. Недоволната грижа на меѓународните заедници е главна причина што сириската криза прераснала во глобален проблем“, нагласи Ердоган.

Тој истакна дека мировниот процес кој во Астана се води за Сирија е пример за меѓународната заедница.

„Денес видовме дека со учество на Франција и Германија, можеме да ја подобриме синергијата која ја вопоставивме во Астана. Се согласивме дека е потребно да се продолжи со пружањето на хуманитарна помош на сирискиот народ“, изјави Ердоган.

На прашањето што ќе се случи со Башар ал Асад во Сирија, Ердоган одговори дека за тоа одлука ќе донесе сирискиот народ.

Турскиот претседател, меѓу остнатото нагласи, дека Турција и источно од Еуфрат ќе продолжува да ги отстранува сите закани по нејзината национална безбедност, токму како што е сторено и западно од таа река.

Ердоган се осврна и на убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги и порача дека саудиските официјални претставници мора да дадат одговор на тоа кој во Турција ја пратил групата од 18 лица.