„Лицата вмешани во убиството на Кашоги ќе бидат судени во С. Арабија“

0
215

Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Адил ел Џубеир, истакна дека лицата вмешани во убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги ќе бидат судени во неговата земја, јавува Anadolu Agency (AA).

„Случајот со убиството на Кашоги се претвори во хистерија. Вистините ќе бидат откриени со завршувањето на истрагата“, истакна Џубеир во врска со убиството на Кашоги, за време на Форумот за Блискиот Исток во главниот град на Бахреин, Манама, и додаде дека Саудиска Арабија и Турција продолжуваат со работите во оваа насока.

„Лицата вмешани во случајот „Кашоги“ ќе бидат судени во Саудиска Арабија“, рече Џубеир во врска со предлогот за предавање на 18-те лица, чии имиња се вмешани во убиството на Кашоги, на Турција.

Тој се осврна и на иднината на односите меѓу Турција и Саудиска Арабија, и истакна: „Турција е една пријателска земја, и меѓу нас постојат добри инвестициски и трговски односи.“

Во врска со прашањето околу одлуката на Германија да не извезува оружје во Саудиска Арабија, сѐ додека не се разјасни убиството на Кашоги, Џубеир одговори дека неговата земја веќе извесно време не купува оружје од Германија.