Во Истанбул денес започнува Самитот на лидерите за Сирија

0
95

Во Истанбул денес попладне ќе биде одржан Самит на лидерите за Сирија. Домаќин на Самитот е турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а ќе учествуваат и рускиот претседател Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Франција, Емануел Макрон, јавува Anadolu Agency (AA).

Главни теми на Самитот ќе бидат обезбедување на постигнатото примирје во сирискиот град Идлиб и барање политичко решение за кризата во Сирија.

Планирано е на Самитот да се разговара за усогласување на заедничките напори за решавање на состојбата на терен, за Договорот за Идлиб и за политичкиот процес, како и за сите аспекти на сирискиот судир и пронаоѓање трајно решение за судирите.

На завршувањето на Самитот се очекува и усвојување на заедничка изјава на лидерите учесници.