Чавушоглу се сретна со неговиот руски колега Лавров

0
200

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, оствари средба со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, пренесува Anadolu Agency (AA).

Пред четирилатералниот Самит за Сирија кој денес ќе се одржи во Истанбул, а на кој ќе учествуваат Турција како земја домаќин, потоа Германија, Франција и Русија, Чавушоглу и Лавров остварија тет-а-тет, како и меѓуделегациска средба.

Главниот дневен ред на четирилатералниот Самит за Сирија ќе биде осигурување на примирјето во Идлиб, како и заедничките напори за политичко решение за кризата во Сирија.