Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека саудиските власти треба да кажат кој ја издаде наредбата за убиството на новинарот Џемал Кашоги.
Претседателот на државата и претседател на владејачката Партија за правда и развој (АКП) Реџеп Тајип Ердоган во седиштето на партијата одржа состанок со претседателите на општинските ограноци на партијата.
Ердоган во говорот во оваа прилика се осврна на убиството на новинарот Џемал Кашоги кое беше извршено во генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.
Ердоган рече: саудискиот новинар Џемал Кашиоги кој влезе во зградата на генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул со цел да ги изврши потребните дејствија за склопување брак со една турска госпоѓа, не излезе од комплексот. Испитувањата не насочија кон претпоставката дека Кашикчи би можел да биде убиен во конзулатот.
Изјавите на судиските претставници дека Кашоги наводно излегол од зградата на конзулатот навистина беа многу смешни.
Затоа истите овие изјави не насочија да бидеме загрижени.
„Зарем можете да верувате дека човек како Кашоги на излегување од зградата на конзулатот нема да ја земе свршеницата? Тоа се многу смешни изјави. Овие изјави не се поистоветуваат со државноста на една земја и нејзините претставници. Очигледно е дека е убиен, но каде е? Каде му се наоѓаа трупот, треба да покажете.“
Саудиските власти уапсиле 18 лица, рече Ердоган и додаде:
„Овие 18 лица знаат од чија страна беше убиен Кашоги. Тоа нема некое друго оправдување. Сторителот е меѓу нив. Кој е локалниот соработник, тоа треба да го изнесете. Се додека не ги објавите овие вистини, не ќе можете да се спасите и ослободите од сомнението. Во суштина сторителот се знае. Кој ја издаде наредба? Која издаде наредбата за доаѓање на овие 15+3 лица во Турција? По чија наредба дојдоа овие лица? Сите овие прашања треба да ги изнесат и објават властите. Во недела ни го испраќаат главниот јавен обвинител на Саудиска Арабија. Ќе одржи средба со нашиот главен обвинител на Истанбул.
Секако дека поседуваат и други информации, документи и с текот на времето ќе ги објават истите, рече Ердоган.
Избрзувањето нема да има никакво значење. Во првата етапа самите саудиски претставници ќе ги објават имињата на сите оние кои што го убија Кашоги. Ако не можете да ги натерате да проговорат овие 18 лица кои што ја „упропастија“ работата, тогаш предадете ни ги нам. Ние да им судиме, рече Ердоган.











