Израелските војници убиле 5 Палестинци, а раниле 85

by Administrator

Бројот на палестинци убиени во нападите на израелските сили на границата во Газа се искачи на 5, додека 85 лица се повредени, пренесе палестинското Министерство за здравство.

Ашраф ал-Кидра, портпарол на палестинското Министерство за здравство, изјави дека израелските војници пукале со боева муниција на Палестинци.

Палестинците, од 30 март по појасот Газа и Израел, организираат протести под наслов “Големиот марш за враќање”. Израелските војници против цивилното население кое бара враќање на територијата од која биле протерани и укинувањето на блокадата во Газа, која е во функција од 2006 година, реагираат со боева муниција.

Во израелските напади за време на демонстрациите, повеќе од 200 Палестинци беа убиени, а илјадници беа повредени. Ништо не ги плаши Палестинците кои сакаат да истраат во нивната борба.

 

Извор:(Vijesti / AA)

You may also like