Јорданските спасувачи кои го пребаруваат регионот на Мртвото Море во потрага по преживеаните од поплавите кои ја погодија областа во петокот пронајдоа тело на 12-годишно девојче, со што бројот на загинати во вчерашната трагедија достигна 19.
Телото било извлечено еден ден откако надојдената вода однела средношколци и професори кои посетувале топлите извори во регионот. Официјални претставници на цивилната заштита соопштија дека надојдените води предизвикани од обилните дождови се преселиле неколку километри кон Мртвото Море.
Комплексна операција за спасување, која вклучува хеликоптери, нуркачи, кучиња и стотици трагачи продолжи во четвртокот вечерта.
Пребарувањето беше продолжено и по изгрејсонце во петокот.
Јорданскиот крал Абдула II ја откажа планираната работна посета на Бахреин, првично планирано за денес. Тој требаше да биде еден од главните говорници на конференцијата за безбедност.
Мртвото Море, кое е под нивото на морето, е дел од Јорданската долина, која е склона кон поплави, кога надојдените води од околните ридови започнат да слегуваат на подолните делови. Израелски ученици загинаа на 10 април во поплава кога биле во обиколка на Мртвото Море, објави Асошиетед прес.



Извор:(Vijesti / ФЕНА)









