ЕВРОПСКИ ПАРЛАМЕНТ: Санкции и ембарго на оружје за Саудиска Арабија

0
349

Европскиот парламент денеска донесе одлука дека е малку веројатно де убиството на саудискиот новинар Џамал ​​Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул да се спроведе без знавање на саудискиот принц Мохамед Бен Салман.

Европската унија и земјите-членки мора да се подготват за утврдување на целните санкции, исто така отценија европратениците во резолуцијата усвоена на пленарната седница во Стразбур со 325 гласови и 19 воздржани.

Резолуцијата, исто така, бара ембарго на оружје на ниво на ЕУ.

“Апсолутната контрола која ја врши Мохамед Бен Салман своите безбедносни служби ја прави неубедлива претпоставка дека операцијата била спроведена без негово знаење или надвор од контрола”, напишале во резолуцијата европратениците.

Убиството на Кашоги е дел од “бран на репреси од големи размери против истакнати бранители на човековите права, адвокати, новинари, писатели и блогери”.

Оваа репресија беше интензивирана откако наследникот на принцот ја зајакна контролата над националните безбедносни служби, додадоа тие.

Кашоги беше убиен во саудискиот конзулат во Истанбул на 2-ри октомври.