Илјадници мигранти тргнуваат кон САД: Трамп ја извади војската на границата

0
243

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ја “вади војската” за да ја заштити границата со САД во време кога караван со мигранти поминува низ Мексико кон САД.

“Ја извадувам армијата зарадиовој национален бунт. Тие ќе бидат запрени”, напишал Трамп на Твитер.

Во овој момент, не се познати детали на неговиот план.

Неколку илјади луѓе од Централна Америка продолжуваат да се движат низ Мексико кон САД.

Мексиканските власти вчера проценуваа дека во караванот има околу 3.600 луѓе, додека претходниот ден имаше 4.500 лица.

Караванот тргна од северен Хондурас на 13-ти октомври. Во караванот се мигранти од Хондурас, Гватемала и Салвадор.