Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушогу, истакна дека Палестина и Ерусалим (Кудс) се црвената линија на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
По средбата на Чавушоглу со министерот за надворешни работи на Палестина, Ријад ел Малики, одржаа заедничка прес-конференција.
Шефот на турската дипломатија нагласи дека за време на средбата разговарале за проектите кои Турција сака да ги реализира за Палестинците.
„Ние како Турција секогаш стоевме до нашите палестински браќа. Палестина и Кудс (Ерусалим) се нашата црвена линија“, додаде тој.
Чавушоглу истакна дека не само во регионот, туку во целиот свет ќе продолжат да ја бранат праведната кауза на Палестина и Ерусалим.
Турскиот министер потсети дека двапати организирале вонреден Самит на Организацијата за исламска соработка, и дека оваа тема е актуализирана во Обединетите нации (ОН).
Чавушоглу рече дека тие овозможиле на меѓународните платформи да бидат донесени значајни одлуки за палестинското прашање.
Шефот на турската дипломатија нагласи дека Турција постојано ќе дава поддршка за палестинското прашање.
Чавушоглу рече дека дури и ако сите останати ја напуштат каузата за палестинското прашање, тие нема да го сторат тоа.









