ОПШТИНА ОХРИД: Јавна презентација на проектот „Реконструкција на Кеј Македонија“

by Administrator

Во големата сала на општина Охрид, утре напладне ќе се одржи презентација на проектот „Реконструкција на Кеј Македонија“.

По обраќањето на градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски, пред присутните ќе биде презентиран овој исклучително важен проект, а потоа ќе следи дискусија.

На настанот ќе присуствуваат претставници на изработувачот на основниот проект „Астрекс“ од Скопје, Министерство за животна средина и просторно планирање, Хидробиолошки институт, Заводот за здравствена заштита, Комисија за заштита на природно и културно наследство на Охридски регион, Единицата за спроведување на проектот „Локална и регионална конкурентност“, ПЛРК, Капетанијата на пристаништа, Еколошкото друштво „Грашница“, „Охрид СОС“, ХОТАМ, Туристички кластер ЕДЕН, Здружението на водичи „КЕЈ“, јавните комунални претпријатија од Охрид, невладини организации и граѓани. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

You may also like