Франција со сигнали за воведување санкции кон Саудиска Арабија

0
293

Портпаролот на Владата на Франција, Бенжамин Гриво, по состанокот на седницата на Владата, даде изјави за медиумите.

Тој истакна дека истражувањата во врска со убиството на Џамал Кашоги продолжуваат и дека развојот на настаните го следат одблизу.

„Во случај на разјаснување на настанот, и добивање потврда од страна на нашите разузнавачки служби дека одговорноста е на Саудиска Арабија, санкциите нема да бидат ограничени само на продажбата на оружје“, истакна Гриво.

Францускиот претседател Емануел Макрон, во изјавата дадена минатата недела истакна дека Франција очекува разјаснување на случајот и дека потоа ќе заземат став.

Макрон вчера не одговори на прашањата во врска со примената на ембаргото за продажба на оружје на Саудиска Арабија.