Саудиските власти не дозволија турската полиција да го провери бунарот во дворот на конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, како дел од истрагата за смртта на новинарот Џамал Кашоги, јави агенцијата Анадолу (АА).
Безбедносните извори велат дека биле открини нови детали во истрагата за убиството на Кашоги на 2-ри октомври во саудискиот конзулат во Истанбул. Во текот на истрагата, припадниците на безбедносните сили бараа докази во зградата на конзулатот и резиденцијата на козулот.
Се дознава дека саудиските власти не им дозволиле на припадниците на безбедносните сили да дозволат преглед на дворот и бунарот.
Новинарот и колумнист на Вашингтон Пост, Џамал Кашогги, исчезна на 2 октомври откако влезе во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.
Турските безбедносни извори претходно потврдија дека Кашоги не ја напуштил зградата на конзулатот и дека во тој период 15 саудиски државјани и официјални лица кои пристигнале на специјални летови останале во конзулатот, а потоа ја напуштиле Турција.
По неколку дена наводите дека не знаат ништо за судбината на Кашоги, саудиските власти во саботата утро изјавија дека Кашоги бил убиен за време на наводна расправија во конзулатот.
Истражувањето за убиство сеуште е во тек, а главна задача на иследникот е да ги пронајде остатоците на Кашогги и да ги утврди одговорните за убиството.










